Франција е за укинување на визниот режим за Македонија

Франција го поддржува укинувањето на визниот режим за Македонија, изјавил францускиот министер за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој Ерик Бесон по денешната средба во Париз со македонскиот премиер Никола Груевски. Според Бесон, Франција е подготвена да и помогне на Македонија на патот кон нејзиното членство во Унијата. Премиерот Никола Груевски попладнево во Елисејската палата ќе се сретне со францускиот претседател Никола Саркози.