Серија договори за гасоводот Јужен тек

Русија денска треба да потпише серија договори за изградба на гасоводот до Европа, познат како Јужен тек. Потпишувањето во Сочи, како што е најавено, ќе го надгледуваат премиерите на Русија и на Италија Владимир Путин и Силвио Берлускони. Станува збор за договори меѓу Газпром и енергетски компании на Бугарија, Грција и Србија, земји низ кои ќе минува гасоводот од Русија до Италија. Ова е најголем конкурент на проектот Набуко што е поддржан од Европската унија.