Укинат полицискиот час во долината Сват во Пакистан

Пакистанската армија привремено го суспендира полицискиот час во делови од долината Сват, со цел да им се овозможи на илјадници цивили да ги напуштат регионите во кои се водат борбите со талибанците. Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации соопшти дека над 800 илјади луѓе досега ги напуштиле своите домови во долината Сват.