Годишно собрание на ЕБОР

Денеска и утре во Лондон се одржува годишно собрание на Европската банка за обнова и развој. На настанот ќе присуствува и делегација од земјава предводена од министерот за финансии Трајко Славески. Тој ќе се обрати пред бордот на гувернери и ќе се сретне со повеќе претставници на меѓународни финансиски институции, како што се ЕБОР, Европската инвестициска банка и Банката при Советот на Европа.