Пакистан најавува победа над Талибанците

Премиерот на Пакистан Јусуф Раза Гилани вети дека оружените сили ќе ги победат Талибанците на бојното поле. Во своето обраќање пред парламентот, премиерот додаде дека Пакистан може да остави лош впечаток доколку не се преземат активности за згрижување на стотици илјади луѓе кои поради воените конфликти се иселиле од долината Сват, северозападно од Исламабад.