Ѓорге Иванов на средби со белгиските власти

Белгија ќе и помогне на Македонија да се приклучи во ЕУ и НАТО, но и во преговорите што земјата ги води со Грција за проблемот со името, изјави претседателот на белгискиот Сенат Арманд де Декар по денешната средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Брисел, пренесува МИА. Претходно Иванов се сретна со белгискиот крал Алберт Втори, а на средбата заеднички е констатирано дека Македонија и Белгија имаат добри односи.