Одреден едномесечен притвор за Бранимир Главаш во БиХ

Судот во Босна и Херцеговина му одреди 30-дневен притвор на Бранимир Главаш. Главаш вчера беше уапсен на територијата на БиХ, каде пребега откако минатата недела во Хрватска беше осуден за воени злосторства врз српски цивили во 1991-та година во Осиек.