Големи протести во Романија поради економската криза

Неколку десетици илјади луѓе протестираат денеска во главниот град на Романија, Букурешт, поради последиците од економската криза. Протестите се во организација на Националниот синдикален блок, една од најголемите синдикални организации во земјата, која бара зачувување на работните места и пониски цени за производите. Синдикалците бараат од романската влада да излезе и со конкретни анти-кризни мерки.