Сони - прва загуба по 14 години

Јапонската Сони Груп денеска соопшти дека има годишна загуба од милијарда долари што преставува прва загуба во изминативе 14 години. Компанијата соопшти дека е погодена од слабата економија, силниот јен и намаленитѕе инвестиции. Сони не очекува опоравување до Март 2010 година. Големи загуби објавија и јапонските компании Тојота и Хитачи.