Заложничка драма во турското летувалиште Кушадаси

Две вооржени лица, упаднале денеска во експозитура на банката „Вакафбанк“ во турското летувалиште Кушадаси и држат во заложништво 11 лица. Претходно како што јавија турските медиуми, напаѓачите ослободиле две жени, клиенти на банката кои биле во добра здравствена состојба. Околу банката се распоредени полициски сили кои се обидуваат да ја разрешат заложничката драма.