Одобрени предвремени избори во Чешка по падот на владата

Чешките парламентарци денеска донесоа одлука за оддржување на предвремени парламентарни избори во октомври. Пратениците го усвоија уставниот амандман кој овозможува оддржување на предвремени парламентарни избори, согласно договорот кој го постигнаа главните политички партии, откако во март и беше изгласана недоверба на владата на премиерот Мирек Тополанек. Законот треба да го одобри и Горниот дом и да биде потпишан од страна на претседателот Вацлав Клаус. Чешка е актуелен претседавач со Европската Унија.