Во Босна и Херцеговина уапсен Бранимир Главаш

Полицијата на федерацијата Босна и Херцеговина изутрината го уапсиле Бранимир Главаш, осуден во Хрватска на десет години затвор поради воени злосторства. Ова за босанската федерална телевизија го потврдил директорот на полицијата Златко Милетиќ. Галваш по пресудата пребега во Босна, а вчера по него беше распишана меѓународна потерница.