Поддршката на Ватикан за создавање Палестинска држава

Папата Бенедикт Шеснаесетти денеска престојува во Витлеем, родниот град на Исус Христос, каде што се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас. Папата уште еднаш ја реафирмира поддршката на Ватикан за создавање Палестинска држава. ,,Светата столица го подржува правото на вашиот народ за суверена палестинска држава во земјата на вашите предци, сигурна и во мир со своите соседии со меѓународно признати граници.,, изјави поглаварот на Римокатоличката црква, додавајќи дека мирен соживот меѓу народите на Блискиот Исток може да се постигне само со соработка и меѓусебно почитување. Папата ја завршува турнејата по Блискиот Исток в петок.