Распишана потерница по Бранимир Главаш

Хрватскиот министер за внатрешни работи Томислав Карамарко изјави дека денеска е распишана потерница за Бранимир Главаш, осуден на десет години затвор за воени злосторства во Осиек во 1991-та година. Главаш по изрекувањето на пресудата пребега во Босна и Херцеговина, чие државјанство го штити од испорачување во Хрватска.