Путин во Јапонија, - договори за енергетска соработка


Рускиот премиер Владимир Путин денеска допатува во Јапонија, на разговори со јапонските политички и бизнис лидери. Русија и Јапонија потпишаа неколку договори за енергетска соработка, меѓу кои и за заеднички развој на нафтени полиња во источен Сибир. Путин, во обраќањето на бизнис форумот во Токио, оцени дека добра атмосфера може да се најде решение и за спорните Курилски Острови.