Парламентарна делегација на ОБСЕ во посета на Македонија

Во посета на Македонија денеска престојува парламентарна делегација на ОБСЕ. Планирана е средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, како и со Шефот на делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Андреј Петров.