Папата порача жртвите од Холокаустот никогаш да не бидат заборавени

Папата Бенедикт 16-ти изјави дека жртвите од Холокаустот никогаш не треба да бидат заборавени, одрекувани или потценувани. Папата ова го изјави во рамки на денешната посета на Џад Вашем најголемиот споменик за жртвите од Холокаустот во Израел.