Без резултати заврши средбата на Саакашвили и опозиционите лидери

Опозицијата во Грузија соопшти дека не бил постигнат прогрес во рамки на денешните разговори со претседателот Михаел Саакашвили, за решавање на политичката криза по едно-месечните опозициони протести. Денешните, беа први директни разговори меѓу Саакашвили и опозиционите лидери, кои од него бараат оставка.