Еврејската заедница бојкотираше состанок на Европската Комисија

Еврејската заедница го бојкотираше денешниот состанок на Европската Комисија со претставници на трите најголеми верски заедници, поради како што соопшти учество на некои екстремистички исламски групи. Главна тема на состанокот, во организација на претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо, е актуелната економска криза, а на него биле поканети христијански, муслимански и еврејски претставници.