Пакистанската армија убила уште 52 бунтовници во операцијата во Сват

Пакистанската армија соопшти дека во изминатите 24 часа убила уште 52-ца талибански бунтовници во рамки на големата офанзива во долината Сват на северо-западот од Пакистан. Во операцијата во изминатите четири дена се убиени вкупно 700-тини бунтовници, а Обединетите Нации предупредија на можност од хуманитарна криза бидејќи околу 360 илјади цивили поради судирите ја напуштија областа.