Истекуваат роковите за кандидатски листи и за увид во Избирачкиот список

Рокот за собирање потписи за предлагање листа на кандидати за пратеници во Собранието на Македонија од група избирачи, што започна на 25 април, истекува утре на полноќ. До 5 мај на полноќ треба до Државната изборна комисија да се достават и листите за независни пратеници, како и листите предложени од политичките партии. На 13 мај ДИК ќе организира жребување за утврдување на единствената листа на кандидати за избор на пратеници. Утре на полноќ истекува и рокот во кој македонските граѓани можат да извршат увид во Избирачкиот список и доколку имаат забелешки да достават барања за бришење или за измена на податоци.