Победник на изборите во Канада ќе бидат конзервативците?

Канадскиот премиер Стивен Харпер

Канадските медиуми предвидуваат дека на општите избори во земјата ќе победат конзервативците предводени од премиерот Стивен Харпер. Се уште не се знае дали партијата на Харпер ќе го освои и парламентарното мнозинство.
Харпер изјави дека доколку конзервативците не освојат мнозинство, веројатно опозиционите либерали и демократи ќе формираат влада која ќе ја уништи економијата со високи даноци.