Грчката Влада се закани со санкции за домашните фудбалски лиги

Грчката Влада предупреди денеска дека ќе престане да ги финансира домашните професионални фудбалски лиги во следната сезона доколку националната федерација не ги промени дисциплинските закони во обид да запре насилства во тој спорт. Заменикот министер за култура и туризам задолжен и за спорт, Јоргос Никитијадис изјави дека државата е посветена на борба против насилствата на спортските натпреварувања. „Побаравме од Фудбалската федерација да ги промени дисциплинските закони на следното генерално собрание и, доколку тоа не биде направено, државата ќе ги запре средствата за грчките фудбалски лиги“ изјави Никитијадис.