Отворен Балкански медиумски форум во Бурса

Балкански медиумски форум со учество на новинари и политичари од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Романија, Србија, Словенија и Грција денеска е отворен во турскиот град Бурса. Форумот е организиран од Главната дирекција за печат и информација при турската Влада и Центарот за стратешки истражувања при Министерството за надворешни работи. За време на собирот ќе бидат разгледани теми за „Медиумите во рамките на членството во ЕУ“, „Процесот за членство во ЕУ и медиумите“, „Мирно заедничко опстојување на Балканот, споделени вредности и медиуми“, „Улогата на медиумите за воспоставување регионален мир и стабилност“ и други.