Турција е загрижена од случувањата во Либија

Анкара е загрижена поради убиството на еден од синовите и тројца внуци на Моамер Гадафи во воздушните напади на НАТО и стравува дека тоа ќе доведе до уште пожестоки судири и задлабочување на нестабилноста во Либија, објавија денеска турските медиуми. Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу и други турски дипломати изразија загриженост дека нанесувањето удари врз членови на семејството на Гадафи ќе има сериозни последици. Како една од последиците тие го наведоа зајакнувањето на нападите на силите лојални на Гадафи против бунтовниците во Мисрата, а активизирањето на судирите ќе го направи потешко снабдувањето со хуманитарна помош. Турските дипломати сметаат дека најголем удар ќе им биде нанесен на меѓународните напори за наоѓање решение за ситуацијата во Либија.