Слободата на печатот во светот опаѓа

World -- The cover of "Freedom on the Net 2011" report by Freedom House, 18Apr2011

Слободата на печатот во светот е во опаѓање и е на најниско ниво во последните 10 години, се вели во најновиот извештај на Фридом Хаус. Само еден од 6 луѓе во светот сега живеат во земја каде што има слободни и независни медиуми. Според извештајот на Фридом Хаус, 10-те најлоши земји во врска со слободата на печатот се Белорусија, Туркменистан, Узбекистан, Иран, Мјанмар, Куба, Екваторска Гвинеја, Еритреа, Либија и Северна Кореја.