Египет сака да ја отвори границата со Појасот Газа

Бомбардиран тунел за шверцување стока меѓу Египет и Појасот Газа на 24 март 2011 година.

Министерството за надворешни работи на Египет соопшти дека има намера засекогаш да ја отвори границата со Појасот Газа. Во Министерството соопштуваат дека намерата им е да ги ублажат страдањата на Палестинците. Прашањето за отворање на границата било разгледувано на сите нивоа и се уште се испитува на кој начин да се спроведе проектот. Египетските власти не наведуваат кога планираат да ја отворат границата.