Романија планира влез во еврозоната во 2015 година

Романија останува на одлуката за воведување на еврото во 2015 година и покрај превирањата во еврозоната и опоравувањето на економијата на државата, изјави премиерот на Романија Емил Бок. „Нема причина за отстапување од таа цел“, рече Бок. Во петокот Владата усвои програма за периодот 2011-2014 во која е и воведување на еврото. Претседателот на државата Трајан Басеску рече дека целта за воведување на еврото во 2015 година треба да биде задржана како поттик за да не се успорат реформите.