Протести на Малдивите, полицијата фрла солзавец

Безбедносните сили се судрија со демонстранти во Мале, главниот град на Малдивите. Полицијата употребува сила и фрла солзавец за да ги растури протестите. Медиумите јавуваат дека илјадници демонстранти се насобрале вчеравечер во центарот на градот за протестите кои се уште се во тек. Незадоволните бараат оставка од претседателот Мохамед Нашед и спроведување на економски реформи. Полицијата потврди дека неколкумина биле уапсени, но опозицијата тврди дека бројот на приведени е многу поголем од официјалниот. Нашед беше избран за претседтел на малиот индиски архипелаг во 2008 година, на првите повеќепартиски избори во земјата во 3 децении.