Церемонија за беатификација на Папата Јован Павле Втори

Папата Јован Павле Втори

Денеска во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан се одржува церемонијата за беатификација на Папата Јован Павле Втори. Процесот на беатификација - прогласување за блажен, го почна актуелниот папа Бенедикт Шеснаесетти во јуни 2005, два месеца по смртта на Јован Павле Втори, а заврши за рекордно време, во јануари оваа година. Беатификацијата е прв чекор кон прогласување за светец на претходниот поглавар кој беше на чело на Римокатоличката црква 27 години. На церемонијата во Ватикан присуствуваа 16 шефови на држави и претставници на пет кралски семејства.