Земјотрес од 4,9 степени по Рихтер во Романија

илустрација

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени по Рихтеровата скала беше регистриран во реонот Вранча во источна Романија. Нема информации за жртви или штети. Потресот бил регистриран во 5,24 часот по локално време на 137 км. длабочина и бил почувствуван во Букурешт и други романски градови како и во соседна Молдавија, јавуваат романски медиуми.