Борусија Дортмунд нов шампион во Бундес лигата

На две кола до крајот на првенството екипата на Борусија Дортмунд ја обезбеди титулата во Бундес лигата откако во натпреварот од 32 коло со 2:0 го совлада Нирнберг, а нивниот единствен конкурент Баер Леверкузен загуби на гостувањето кај Келн со истиот резултат. За популарните „милионери“ ова е седма титула, а освоена е по пауза од девет сезони. На другите натпревари од колото синоќа во дербито Баерн во Минхен го совлада Шалке со 4:1, а Штутгарт оствари гостинска победа кај Хофенхајм, важна за опстанок во лигата. Мајнц го победи Ајнтрехт со 3:0, а Хановер дома е поразен од Борусија Менхегладбах со 1:0. Победа на гости оствари и Фрајбург совладувајќи го Хамбургер со 2:0. Во петокот беа одиграни натпреварите: Кајзерслаутерн – Ст.Паули 2:0 и Вердер – Волфсбург 0:1.