Милошоски и Јолевски синоќа се сретнаа со Нимиц

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски синоќа во Њујорк имаше средба со посредникот на ОН Метју Нимиц, на која присуствуваше и македонскиот претставник во разговорите со Грција околу разликите за името, амбасадорот Зоран Јолевски. „Милошоски на средбата го информираше Нимиц за најновите случувања во билатералните односи помеѓу Македонија и Грција и уште еднаш ја истакна поддршката во неговите напори кон изнаоѓање решение за спорот што Грција го има со нашето уставно име“ информира Министерството за надворешни работи. Шефот на македонската дипломатија ја истакнал подготвеноста на македонската страна за активно учество во преговарачкиот процес под медијаторство на Обединетите нации.