Најавени три протести во еден ден

Движењето за социјална правда „Ленка“ организира првомајски протест против кршењето на работничките права. Протестот ќе почне на пладне од паркингот зад гратскиот трговски центар во Скопје. Освен првомајскиот, протест организираат и клубот на жени на СДСМ под мотото „Нема породилни трудови без почитување на трудот на жените“. Либерално-демократската партија, пак, организира марш за право на акции на секој граѓанин.