Адеми: Граѓанскиот сектор има важна улога во градењето доверба

Охридскиот договор е незапирлив процес и силна основа за градење добри меѓуетнучки и меѓуверски односи и за зацврстување на довербата меѓу граѓаните. Затоа треба сите да придонесат за создавање клима на доверба со што во практика ќе бидат имплементирани неговите вредности, а тие ќе отворат пат за евроатлантски интеграции, рече вицепремиерот Абдилаќим Адеми во обраќањето на симпозиумот „Меѓуетничките и меѓуверските односи во Република Македонија - влијанието на медиумите во создавањето на мислењата и формирање на ставовите“. За да се оствари тоа, посочи Адеми, треба да да се охрабрат и политичките субјекти, но и граѓанските здруженија преку различни кампањи да ја подигнат свеста на јавноста и да ги убедат граѓаните колку е важно меѓуетничките и меѓуверските односи да бидат на високо ниво.