Ирачкиот парламент ќе исплаќа 400 милиони долари оштета

Парламентот во Ирак одобрил исплаќање на 400 милиони американски долари оштета за американски државјани кои тврделе дека биле злоупотребувани за време на режимот на Садам Хусеин, јавија медиумите. Новинските агенции ги пренесуваат изјавите на двајца пратеници кои тврдат дека спогодбените надоместоци биле изгласани денеска. Владата на чело со премиерот Нури ал Малики во септември го одобри планот за исплата на штети со цел да се стави крај на судските процеси поради тужби на американци.