Нови инциденти во Сирија, четворица убиени во Дара

Сиријските беазбедносни сили влегле во џамија во градот Дара и убиле четворица анти-владини демонстранти, јави новинската агенција „Асошиејтед Прес“. Џамијата Омари во стариот дел на градот претходно беше под контрола на бунтовниците од почетокот на неделава, кога сиријските безбедносни сили почнаа со интервенциите во градот во југот на земјата. Во меѓувреме, групите за човекови права тврдат дека безбедносните сили во петокот убиле повеќе од 60 лица кои учевствувале на протестите против владеењето на претседателот Башар ал Асад. Во петокот официјален Вашингтон најави финансиски рестрикции за сиријската разузнавачка служба и двајца роднини на претседателот поради кршење на човекови права. Лидерите на Европската унија, пак, се согласиле за ембарго на доставата на оружје и слична опрема во Сирија.