Гадафи - отворен сум за преговори за прекин на огнот

Либискиот лидер Моамер Гадафи изјави дека е отворен за преговори со земјите членки на НАТО за да се стави крај на воздушните напади на Алијансата врз неговите сили. Гадафи изутринава обраќајки се преку либиската телевизија изјави дека неговите сили се подготвени за прекин на огнот доколку и другите страни во конфликтот тоа го направат. Гадафи, исто така, рече дека нема намера да се повлече од власта или да ја напуштат земјата, и дека Либијците ќе можат сами да ги решат нивните проблеми ако бомбардирањата на НАТО престанат. НАТО, подржувајки ги бунтовничките групи против режимот на Гадафи во обид да стават крај на неговото 41-годишното владеење, уште од средината на февруари ги напаѓа силите на Гадафи.