На 23-ти мај, Рамковски пред суд

Првото судско рочиште за „Пајажина“ е закажано за 23 мај кога сопственикот на А1 Велија Рамковски и другите обвинети за овој случај ќе се најдат на обвинителна клупа.
Првообвинетиот Велија Рамковски е обвинет за финансиски криминал тежок повеќе од пет милиони евра, а со него одговараат и управителите и сопственици на 16 домашни и 10 странски фирми.
Судското рочиште во притвор го чекаат Рамковски и осум други лица, а во домашен притвор се претмина, додека синот на Велија, Хеди Рамковски е се уште во бегство.