Инцко - Нема да дозволиме референдум во Република Српска

Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Валентин Инцко денеска изјави дека ќе преземе чекори да ги спречи босанските Срби да одржат референдум за легалност на судот на БиХ. Постојат две можности - или Република Српска ќе го укине гласањето или тоа ќе го направи меѓународната заедница, истакна Инцко.
Тој оцени и дека одлуката на владите на земјите од ЕУ, донесена во март, „на сепаратистите во Босна“ да им се закани со санкции како што се замрзнување на имотот и забрана за патувања, била чекор во добар правец. Би можел да дојде момент кога воведувањето санкции ќе биде неопходно, предупреди високиот претставник.
Инцко нагласи дека ЕУ мора повеќе да се ангажира во БиХ, за да може да оваа етнички поделена земја да и помогне во надминување на се подлабоката политичка криза.