Тројца војници на НАТО загинаа во Авганистан

НАТО соопшти дека тројца негови војници биле убиени во одвоени инциденти во Авганистан. Двајца војници настрадале од експлозија на бомба во јужниот дел на земјата, а еден бил убиен од бунтовници во источниот дел. Само во овој месец во Авганистан загинале 48 војници на НАТО.