Милошоски се сретна со Бан Ки Мун

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, доцна синоќа по локално време се сретна со Генералниот Секретар на ОН, Бан Ки Мун. Милошоски и Бан Ки Мун разговарале за македонско-грчкиот дијалог за надминување на разликите околу името, за кандидатурата на Македонија во Советот за човекови права во ОН како и за други теми, се наведува во соопштението ан македонското МНР. Милошоски ја презентирал и правна димензија на македонско-грчкиот случај кој што се води пред Меѓународниот суд за правда во Хаг.