Русија- националисти осудени за смртта на Маркелов и Бабурова

Осудениот Никита Тикхонов

Судот во Москва осуди двајца националисти за убиство на истакнатите борци за човекови права кои беа убиени во јануари 2009-та година во центарот на Москва. За убиството на правникот Станислав Маркелов и на новинарката Анастазија Бабурова, судот ги осуди Никита Тикхонов и неговата девојка Евгенија Хасис. Маркелов беше позат адвокат ,чија работа предзвика критики и незадоволство кај националистичките групи во Русија. Тој меѓу другото често бранеше Чеченци. Анастазија Бабурова беше новинар во Новаја Газета.