Протести во Ерменија, повеќе од 4,000 лица се собраа во центарот на Јереван

Најмалку 4,000 подржувачи на ерменската опозиција протестираат во главниот град на земјата, со барање за предвремени избори. Станува збор за прв протест кој се одржува на централниот плоштад во Јереван во изминативе три години. Владата го блокираше плоштадот во 2008 година, по немирите во кои загинаа 10 лица а повеќе од 250 беа повредени.