Најмалку 160 настрадани во временски непогоди во САД

Најмалку 160 лица настрадале во природната непогода која го зафати јужниот дел на Соединетите американски држави, јавија медиумите. Во бурите проселдени со торнада во сојузната држава Алабама загинале 128 лица, додека во Мисисипи има 32 жртви. Во седум држави е прогласена вонредна состојба поради повеќе од 100 торнада кои го опустошија југот на Америка од минатата недела.