Северна Кореа е подготвена да разговара, тврдат групата „старци“

Екс претседателот на САД Џими картер одржа прес-конференција во Јужна Кореа по посетата на Пјонг Јанг

Поранешниот американски претседател Џими Картер изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил е подготвен да разговара со претставници на Јужна Кореа и Соединетите американски држави за „било кое прашање“. Картер, кој придружуван од тројца поранешни европски лидери денеска ја заврши официјалната посета на Северна Кореа, рече дека немал тет-а-тет средба со Јонг Ил, туку дека добил допис од него. Посетата на групата лидери кои себе си се нарекуваат „старци“, беше наменета за намалување на тензиите меѓу Северна и Јужна Кореа.