Најмалку 500 анти владини демонстранти убиени во Сирија

Сириската група за човекови права Савасија соопшти дека најмалку 500 цивили се убиени при пресметките на силите за безбедност со анти – владините демонстранти. Според Савасија, илјадници се уапсени а има и исчезнати лица.
Од друга страна, Советот за безбедност на Обединетите нации не постигна договор за заедничката резолуција со која би се осудиле насилствата на сириските власти врз демонстрантите во кои загинаа стотици луѓе. Русија и Кина беа против усвојувањето на резолуцијата што ја иницираа Велика Британија, Франција, Германија и Португалија со која би се осудиле интервенцијата на војската и отворањето оган врз демонстрантите во Сирија.