Бахреин: 4 демонстранти осудени на смрт поради убиство на полицајци

Манама - анти владин протестант

Воениот суд во Бахреин на смрт осуди 4 лица, обвинети за убиство на двајца полицајци за време на анти владините протести минатиот месец. Три други лица добија доживотен затвор. Судењето се одвиваше зад затворени врати, а адвокатот на осудените ги отфрли обвиненијата.
Во средината на февруари во Бахреин избувнаа демонстрации предводени од шиитската опозиција против сунитската кралска династија, инспирирани од востанијата во арапскиот свет.