Експлозија во гасоводот од Египет до Израел и Јордан

Блокиран е гасоводот од Египет до Израел и Јордан, откако вооружена банда предизвикала експлозија во терминал во северниот дел на Египет. Поради експлозијата на терминалот Ал Сабил, бил прекинат протокот на природен гас низ системот. Во февруари годинава поради сличен инцидент на друг дел на гасоводот, цел месец беше прекината доставата на суровината до Јордан и Израел.