Крамариќ: Идентитетот треба да се чува и да се надградува

Државата треба да се вика Македонија, а јазикот македонски. Идентитетот треба да се чува, зашто е најопасно ако не ги чуваме своите архиви, ако се претвориме во пепел. Тогаш губиме право на сеќавање. Тоа е пораката на мојата книга, изјави хрватскиот амбасадор во Македонија Златко Крамариќ пред промоцијата на делото „Идентитет, текст, нација“ со поднаслов „Интерпретации на црнилата на македонската историја“, што преведена на македонски јазик ја објави „Табернакул“ . Сепак, додаде Крамариќ, идентитетот треба да се надградува, зашто не е даден и неменлив, а решение за тоа, според него, може да биде конструктивистичкиот пристап и теоријата на јазикот, книжевноста и филозофијата.